ЈО Љупчо Коцевски со месеци штити поранешни функционери на СДС, обвинителството го претвори во нивна испостава.
МВР и другите институции покренаа десетици постапки, а реализацијата од ЈО е рамна на нула. Иако имаше шанса од неколку месеци, да покаже дека може да работи по закон, тој продолжи да биде послушник на СДС.Граѓаните со право се разочарани од обвинителството и судството. Љупчо Коцевски, како шеф на ЈО целосно се фрли во заштита на поранешните функционери на СДС и нивни блиски лица. Дека ЈО не работи како што треба и какви што се очекувањата, говори и последниот извештај на Транспаренси, во кој дури 4 точки се однесуваат на состојбите во обвинителството и судството.
Љупчо Коцевски како шеф на ЈО не направи ништо да се зголеми ефикасноста во постапките.ЈО водено од Љупчо Коцевски се стави во целосна заштита на функционери на СДС и нивни блиски лица, кои со години ја крадеа државата.Дополнително Љупчо Коцевски спроведуваше класично незаконие, како последното поставување на вршител на должност шеф на Вишото јавно обвинителство во Скопје, одлука која е незаконска, односно надвор од одредбите пропишани во Законот за јавното обвинителство.Љупчо Коцевски како и неколку негови претходници се покажаа како големо разочарување пред се за граѓаните, а потоа и за самата институција.