Директорката на директорката на болницата во Кочани, Кристина Серафимова даде првична изјава по трагедијата која се случила ноќеска во ноќниот клуб. Таа вели дека првиот повик го добила во 2:48 часот, и болницата била веднаш мобилизирана. „Првиот повик беше во 2:48 часот. Се мобилизираше цела болница, и почнаа да ги носат првите пациенти. Бидејќи имавме помал број на возила, се обратив на сите директори на сите градови од источна Македонија, но и од Скопје и од Велес. Тие што беа потешко, беа пренесени во болницата во Штип, а тие уште потешко во Скопје. Станува збор за околу 70 пациенти кои беа прегледени.“, рече Серафимова. Таа кажа дека жртвите се од 14 до 24 години.