Повеќе од 30 луѓе загинаа во несреќа во која учествуваше автобус во јужниот дел на Мексико, објавија денеска локалните медиуми. Според извештаите, автобусот сообраќал меѓу Канкун и Табаско, објави Ројтерс.
„Внимателно ја следиме работата на федералните и државните власти и подготвени сме да помогнеме со што и да побараат“, рече Овидио Пералта, градоначалник на Комалкалко, град во Табаско. Локалните власти изразија сочувство до семејствата на жртвите.