Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос во Париз, Франција. Иако го загуби првиот сет, по пресврт Ѓоковиќ триумфираше против третиот носител на турнирот Александер Зверев од Германија. Ѓоковиќ и на 39 години блеска на големата сцена, така беше и на мечот против Зверев. Двајцата тенисери веројатно го одиграа и најдобриот поен досега во 2025 година, а сигурно на Ролан Гарос.
Во шестиот гем од четвртиот сет, на брејк топка за Зверев, видовме 41 разменет удар, на крајот Ѓоковиќ го освои поенот откако испрати форхенд дијаголана во небранетиот дел на теренот за овации од трибините. На вториот видео запис можете да погледнете уште една мајсторија на Ѓоковиќ при водство од 4:1 во вториот сет, уживајте: