Сè се случи многу брзо, за кратко време се прошири пожарот, јас не успеав да излезам и останав заглавен во дискотеката, но благодарение на брзата интервенција на пожарникарите, еден од нив ме извлече и ме упатија во општата болница Кочани, вели преживеаниот Роберто Божинов. Еден од повредените во страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, пред камерата на „Супорт Кочани“ раскажа што се случувало таа кобна ноќ.
– Сè се случи многу брзо, за кратко време се прошири пожарот, јас не успеав да излезам и останав заглавен во дискотеката, но благодарение на брзата интервенција на пожарникарите, еден од нив ме извлече и ме упатија во општата болница Кочани – вели Роберто Божинов и им се заблагодари а медицинските тимови на трите болници за кои вели дека го спасиле и му помогнале да застане на нозе. Роберт се има лекувано во три разчични болници во две држави, има поминато повеќе од 2 недели само во болнички соби. Од болницата Каролинска во Шведска тој бил префрлен во клиниката „8 септември“ во Скопје. Божинов им се заблагодари на, како што вели сите познати и непознати луѓе кои му помогнале, вклучително и македонската дијаспора во Шведска.