ЦУК бара итно обезбедување чуварска служба која ќе спречува нови палења и ќе ги известува надлежните при обиди за запалување. Исто така, побарано е покривање на депонијата со инертен материјал како што се шут или земја, за да се спречи ширењето на пожарот и неговото повторно појавување.Дополнително, се нагласува потребата од засилен инспекциски надзор против нелегалното фрлање отпад на оваа локација.„Апелираме институциите итно да преземат мерки за заштита на граѓаните и животната средина“, предупредуваат од ЦУК.
Извор: nezavisen.mk