Пожар избувна денеска во куќата на премиерот на Велика Британија – Кир Стармер, пишува „Скај њуз“. Пожарот избувнал рано утринава на неговиот имот.
ADMIN POST.
Someone petrol bombed Keir Starmer's house? 👀 pic.twitter.com/ynGJim8qy3
— Tommy Robinson 🇬🇧 (@TRobinsonNewEra) May 12, 2025
Причинета е материјална штета на влезот од куќата. Повредени нема, а полицијата извршила увид. Лондонската полиција апелира до сите членови на јавноста да се јават доколку имаат некаква информација. Премиерот Стармер постојано престојува во оваа куќа од јули 2024 година, кога беше избран за премиер, а инаку живее во премиерската резиденција во Даунинг стрит, Лондон, каде што се наоѓа и седиштето на владата. Пред куќата се уште има голем број полицајци и пожарникари. Вредноста на куќата се проценува на околу 2 милиони фунти.