Горан Попов играше на ревијален натпревар во чест на својот поранешен клуб Херенвен од Холандија. Поранешниот играч на македонската фудбалска А репрезентација, беше дел од овој меч по повод 30-годишнината од изградбата на стадионот „Абе Ленстра“ на кој настапува тимот. На овој ревијален натпревар Попов играше со специјален дрес и со името на Андреј Лазаров, фудбалер на Шкупи, кој трагично го загуби животот во пожарот во Кочани во обидите да спаси други животи. Попов им оддаде почит на жртвите од трагедијата, на предниот дел од дресот беше испишано: „Кочани 16-03-2025“.
Како професионален фудбалер Попов играше за Херенвен во периодот од 2008 до 2010 година. Со овој клуб стигна до трофејот во Купот на Холандија во сезоната 2008/2009.
Wonderful tribute by Goran Popov to Andrej Lazarov and the other #Kocani victims during the SC Heerenveen all-star match. 🇳🇱🇲🇰🙏 pic.twitter.com/TjMD3INmZJ
— Rainier Jaarsma (@RJaarsma) March 22, 2025