Музичарот Пит Доерти, член на бендот „Либертанс“, откри дека лекарите му рекле дека постои ризик да му бидат ампутирани прстите на нозете откако ја доби дијагнозата дијабетес тип 2, пишува „Дејли Мејл“. „Денеска отидов на лекар, тој ми рече дека треба да одмарам што е можно повеќе бидејќи во спротивно ќе ги изгубам прстите на нозете“, изјави пејачот за време на настапот во Минхен. Минатата година на Доерти му беше дијагностицирано хронично заболување, а по предупредување од лекар, последните пет концерти од својата европска турнеја ги изведе седнат. Доерти имал проблеми со лековите, поради што во еден момент престанал да ги зема, но сериозното предупредување од лекарот го поттикнало да се посвети на своето здравје. „Се откажав од главните отрови и моето здравје се подобри. Но Потоа ви велат дека алкохолот, сирењето и шеќерот се подеднакво лоши и дека сте биле поздрави кога земавте хероин. Не е шега. Дијагностициран ми е со дијабетес тип 2. И во моментов ми недостига дисциплина да се справувам со мојот холестерол“, призна минатата година.
Покрај проблемите со дијабетесот, лекарите го советувале да го промени начинот на исхрана.„Отидов кај лекар да го проверам црниот дроб, тој ми рече дека треба да ја сменам исхраната – премногу сирење, премногу млеко. Сега се работи за холестерол и дијабете“, рече Доерти, кој се откажа од дрогата во 2021 година. Музичарот пред неколку години се пресели во Франција со сопругата Катија де Видас и ќерката Били-Меј. Иако три години е без дрога, тој признава дека сè уште консумира алкохол. Во документарниот филм „Питер Доерти: Странец во мојата сопствена кожа“, кој го сними неговата сопруга повеќе од една деценија, тој призна дека поради неговиот поранешен начин на живот, не очекувал да живее многу подолго. Документарецот прикажува некои од неговите најмрачни моменти, вклучувајќи сцени на употреба на дрога и неговите сценски изведби. „Тешките дроги полека влегоа во мојот живот, а потоа многу брзо ја презедоа контролата“, изјави Доерти, кој првпат проба хероин во 2002 година, на 23-годишна возраст. Пит беше доста актуелен во јавноста пред повеќе од една деценија поради врската со Кејт Мос и неговото скандалозно однесување, а во текот на двегодишната врска со Кејт, тој повеќепати бил апсен поради проблемите со дрогата и алкохолот. Тој во повеќе интервјуа изјавувал дека ја сака со целото негово срце и дека ги сака дури и нејзините коски. Во времето додека беше со него, Кејт неколкупати губеше ангажмани, особено поради фотографиите на кои се гледа како користи дрога