Големо невреме со пороен дожд попладнево ги зафати Кикладите, острови во Егејското Море, а најпогодени се Парос и Миконос, каде улиците се претворија во реки, а локалните власти го забранија сообраќајот на сите возила, пишува „Катимерини“. Денеска се празнуваат Светите маченици Хрисант и Дарија и другите со нив Не делува само против болки: Истражување откри потенцијално ново дејство на ибупрофенот. Училиштата на двата острова утре ќе останат затворени. Драматичните снимки објавени на социјалните мрежи покажуваат како поројот носеше сè пред себе: камења, дрвја, предмети од терасите, а десетици автомобили завршија во морето.
Невремето започнало околу 15 часот и предизвикало проблеми на повеќе патни мрежи, а најпогоден е градот Науса каде што се излеала реката. За среќа, нема повредени луѓе. Откако беше испратена пораката од 112 за забрана за движење на возила и од општина Парос преку соопштение ги повикаа жителите и посетителите на островот, „поради опасните временски појави што го зафатија островот, како и големите штети што се предизвикани на патната мрежа, да не се сообраќаат по патната мрежа“.
– Оштетувањата на патната мрежа опфаќаат одрони, поплави и уривања на делови од мрежата, што го прави сообраќајот опасен. Општината во соработка со надлежните служби прави максимални напори за справување со вонредната состојба. Се молат сите жители и посетители на островот да ги следат упатствата на надлежните органи, соопштија локалните власти.