Средношколецот Јован Костадинов од Виница кој спаси голем број на животи во кастастрофалниот пожар во Виница се огласи во јавноста за неговите херојски подвизи. На една од социјалните мрежи се појави видео снимка на која тој говори како кобната вечер извлекувал млади луѓе од дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој иако бил излезен од објектот без двоумење се враќал во повеќе наврати внатре во дискотеката извлекувајќи голем бој момци и девојки, дел од нив изгорени и во полусвесна состојба.
Тој во видеото зборува за страшни и вознемирувачи сцени. Луѓе заробени во дискотеката, паднати во несвест, девојка која си го поголтала јазикот. Немал можност да влезе низ единствената врата која била за влез и излез од диското оти била заглавена од толпата народ, па избрал друга алтернатива.
„Од внатре се слушаа само пискотници од девојки. Јас зедов една маса, го скршив прозорот и со цревото прскавме вода внатре, тие пискаа. Ги прскав со вода едно две-три минути. После јас го зедов цревото, се измокрив, а тие останаа уште да ги прскаат. Јас отидов на главниот влез, ама таму беа многу заглавени и немаше можност да влезеш.Влегов во таа соба, таму имаше четири или пет луѓе, вратата беше заглавена од луѓето што беа натрупани, ја скршивме вратата и почнавме да ги вадиме еден по еден, тие што беа најгоре сите врескаа, беа изгорени, имаше и онесвестени. Уште тогаш на почетокот и додека имаше свесни луѓе и додека беа сите идеше побрзо, тие што ги вадиш сами излегуваа надвор пред диското, ама потоа почнаа да се извлекуваат само онесвестени, почнаа само изгорени целите и едноставно ти мора да го изнесеш до пред надвор до пред диското на безбедно. Изнесуваш некој до пред вратата, од таму друг го земаа. После тоа почна да ми се врти и почна да ми се повраќа од тоа се што го видов, од тоа што плачеа , што пискаа и беа целите изгорени и после тоа почна да ми се врти, да ми се повраќа и јас излегов надвор и кога излегов надвор тогаш земав воздух, ми олесна и тогаш паднав на колена и многу ми се слоши, за среќа имаше некој до мене, ме измија со вода, сведочи Јован.
Со неговите хумани чекори тој продолжил додека се превезувал со амбулантно возило до болницата.
„Јас после тоа се освежив малку таму, имаше многу девојчиња што лежеа и една девојка лежеше на страна, знам и се тресеше и некој рече кој знае да помогне оти си го проголтала јазикот. И јас земав, фатив, и го потегнав јазикот, ама јас не сум го правел тоа, не знам како. После стигнаа докторки, и помогнаа, ја измија, ја качија во една кола. Ми беше многу лошо, очите ме печеја и ми се вртеше. Ме качија во една кола, во колата имаше уште двајца со мене, свесни, јас им ги држев главите право, да не си го голтнат јазикот. Во болницата кога ги однесовме директно им ставија кислород, проверија дали имаат пулс. Таму во болницата беше хаос, сведочи Јован.