И утрово сообраќајна несреќа во која е удрен пешак. Како што пренесуваат медиуми, удрена е жена пешак на ул. Теодосиј Гологанов во близина на АМСМ. Пишувавме дека бројот на несреќи дури и се зголеми по прегазувањето на Фросина Кулакова на булеварот Партизански одреди во Скопје. Претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Горан Ангеловски, за ваквата статистика ги обвинува возачите, но и недисциплинираните пешаци.
View this post on Instagram