Димитровска ќе напише и дека останатите 6 члена на институцијата немаат никаква поврзаност за делото за кое е осомничена. Но, она што тие сега треба да го направат, според Миша Поповиќ од Институтот за демократија е да направат ревизија на двете пријави.
„Секако тоа треба да бидат едни од случаите кои што останатите членови ан ДКСК ќе ги преразгледаат, иако едниот на некој начин е упатување дека веќе постапува јавното обвинителство ДКСК може да почека и да го одложи во времето кога е донесена одлуката. Меѓутоа не се само тие. Потребно е да се избере некаков дел од тие одлуки или да се пристапи на некој друг начин“, смета Поповиќ. А целта, како што додава Поповиќ, е да се покаже соработка во истрагата, бидејќи наводите на обвинителство покажуваат дека информации протекле од ДКСК, институција со која треба да соработуваат.
View this post on Instagram