Ски скокачот Домен Превц на натпреварувањето во Планица постави нов светски рекорд кој сега изнесува 245.5 метри. Превц во последнто натпреварување од сезоната во Светскиот куп успеа да дојде до најдобриот резултат во историјата и така го сруши светскиот рекорд кој беше поставен пред седум години.
Domen Prevc's FIS World Record #skijumping #skijumpingfamily pic.twitter.com/s1uCkige7W
— Devi(L)🇵🇱✝️⚽ 🇵🇱🇧🇷 #1ga (@redd3vil777) March 30, 2025
Иако го сруши светскиот рекорд, словенечкиот ски скокач сепак не дојде до првото место. Скоковите на Анже Ланишек иако беа пократки му донесоа повеќе бодови. Со денешното натпреварување заврши сезоната во Светскиот куп каде што оваа година победи Даниел Чоефениг.