Од Министерството за внатрешни работи информираат дека околу 14 часот било пријавено пукање од огнено оружје на улицата „Војдан Чернодрински“. Полициските екипи излегле на терен и констатирале дека се работи за престрелка помеѓу две групи од по пет до шест лица. Едно лице е повредено и пренесено во Ургентниот центар при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, соопштија од МВР.
View this post on Instagram