МАКТЕЛ

     

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

      

„Каде повеќе би сакале да живеете – Москва или Лондон? Ова е Москва – што забележувате?“ Изминативе месеци, на профили на социјалната мрежа Фејсбук, кои се познати по тоа што го поддржуваат Владимир Путин и неговата „специјална воена операција“ во Украина, сè почесто споделуваат видеа во кои прават споредба меѓу главниот град на Русија – Москва и некои од европските метрополи. Па така, на видеата од Москва, може да се забележат чисти улици, убави девојки, „стрејт парови“ и слично, додека на видеата од Лондон, Париз и други доминираат видеа со муслимани, со нечисти улици, лица со геј знамиња и т.н.

Вистиномер успеа да улови некои од тие видеа. На ова видео од Москва, се прикажани убави и дотерани девојки кои шетаат по улица. Според ѓубрињата од ЕУ/НАФО, Русите се „орки“. Дали се согласувате?стои во објавата, а под неа може да се прочитаат коментари од типот: „Единствен нормален народ што остана на планетава“.     

   


Видео со убави девојки од Русија е споделено и тука. Ова е Москва, што забележувате, стои во ова и ова видео.


А во коментарите следат одговори: Многу убави жени. Нормална држава нормални луѓе. Следат видеа од Лондон. На нив може да се забележат собрани луѓе од муслиманска вероисповед. Ова е Лондон. За објавување на вакви содржини , властите можат да ве “почастат” со затвор до 3 годинистои во ова видео.

Во ова видео кое споделува паралелно кадри наводно од Русинки и муслимански жени, се поставува прашањето: Кој град би сакале да го посетите помеѓу Москва и Лондон? Москва, без да се размислува, е еден од одговорите.


Ова видео „забележува“ дека „Лондон повеќе личи на Африка благодарение на децениската масовна имиграција“.

 

Видеа се споделуваат и од Норвешка и Ирска. Ова е Норвешка. Но, искрено, тоа може да биде која било друга земја во Западна Европа, Канада или Австралија. Што мислат феминистките и ЛГБТ+ кои ја поддржуваат исламистичката имиграција дека ќе им се случи кога овие луѓе ќе станат мнозинство?

 

Ирска дами и господа.

Руска пропаганда

Ваквите видеа ги забележал и Русинот Роман, кој на својот Јутјуб канал објавува еден свој коментар „Русија vs Западот (ВИСТИНАТА)“.

Како Русин, секогаш ми е интересно што мислат луѓето од Западот за Русија. Па, се испостави дека многумина на Запад мислат дека животот во Русија е подобар од САД или Европа. Денес ќе погледнеме неколку ужасни пропагандни видеа што ја споредуваат „чистата и недопрена“ Русија со „валканиот паднат Запад“. Москва наспроти Лондон – Кој ќе победи? Дали Москва е всушност почиста од повеќето западни градови? Каков е животот во Русија? И дали е всушност подобар отколку на Запад? Како личност која целиот свој живот живеела во Русија, а исто така патувала и во ЕУ, сакам да зборувам за тоапишува Роман во описот на видеото.

Тој забележува дека видеата кои руските пропагандни канали ги споделуваат од европските градови, обично прикажуваат кадри од протести или кога тие  се покриени со ѓубре, обично после некои концерти или големи групни собирања или едноставно прикажуваат видеа од улици по кои се движат муслимани, бидејќи овие снимки во голем дел ги споделуваат и ги поддржуваат луѓе кои мразат имигранти.

И ова за мене како Русин не е ништо чудно, сето тоа е дел од руската пропаганда која ги прикажува европските градови целосно уништени и полни со ѓубре, а луѓето во нив живеат ужасно, коментира Роман.

Тој нагласува дека животот во Русија е далеку од идеален како што тоа се сака да се прикаже, дека московските улици не се толку совршено чисти и средени, а како што напоменува, на пример, Русија сè уште има голем проблем со дрогата.

Пропагандна тактика на Кремљ

Не е првпат пропагандата на Кремљ да ја прикажува Русија како заштитник на традиционалните и семејни вредности, како „чиста“ и единствено „нормална“ земја, за разлика од европските градови во кои доминира насилството, ЛГБТ доктрината, муслиманите и слично. Оттука и се вперува прстот кон Западот како „уништувач на традиционалните вредности“. Мит е дека Западот сака да ги уништи „традиционалните вредности“, односно дека „Русија води света војна против безбожните сатанисти во Украина за да го заштити христијанството и традиционалните вредности“, оценува Euvsdisinfo во својата анализа за руската војна во Украина.

Честопати, про-Кремљ експертите за дезинформации, особено Владимир Соловјов го користат овој дезинформациски наратив во врска со неоснованите обвинувања против Украина за наводен обид за уништување на Православната црква. Оваа манипулативна тактика се засили во 2019 година кога на Православната црква на Украина ѝ беше доделен статус на независна црква и повторно во ноември 2022 година кога украинската влада објави дека ќе подготви закон за забрана на црквите поврзани со Русија, пишува Euvsdisinfo.

Демонизирањето на Украина и нејзините западни поддржувачи како безбожници оди рака под рака со про-Кремљ дезинформациите дека Западот сака да ги уништи „традиционалните вредности“.

Заедно, тие ја прикажуваат Русија како заштитник на овие вредности. Овој дезинформативен наратив за заштита на загрозените вредности е исполнет со хомофобија која често се претвора во отворен говор на омразазаклучува Euvsdisinfo.

Наративот за „загрозените вредности“ обично се користи за да ги оспори западните ставови за правата на жените, етничките и верските малцинства и ЛГБТКИ+ групите. Про-Кремљ експертите често го исмеваат наводниот западен „морален распад“ или „развратен став, а спротивно на тоа, Русија и православното христијанство се издвојуваат како вистински бранители на традиционалните вредности. Идејата за распаѓање на Западот, поставен против Русија која е „чувар“ на пристојноста и моралот, произлегува од самиот врв на Кремљ. Според анализата на Европскиот совет за надворешни односи од 2015 година, Путин веќе во 2013 година го зазел овој став, обвинувајќи ги „евроатлантските“ земји за нивната морална декаденција.

Еден паметен пропаганден трик беше да се подобри имиџот на злобниот Запад со спојување на социјалниот конзервативен и антизападниот став. На овој начин, Западот и западњаците, хомосексуалците, либералите, современите уметници и нивните обожаватели, оние кои не се однесуваа кон Руската православна црква со должна почит и оние кои се осмелија да се сомневаат во беспрекорното историски досие на Русија, сите беа претставени како едно „неделиво зло“, закана за Русија, нејзината култура, нејзините вредности и нејзиниот национален идентитет, се наведува во анализата на Европскиот совет за надворешни работи.

Руските дезинформации се насочени кон Европската Унија

Русија продолжува да спроведува кампањи за дезинформации против Европа, забележува фондацијата за глобално истражување и аналитика „Џејмстаун“. Тековната кампања за дезинформации на Русија се врти околу три клучни идеи, пишува „Џејмстаун“: ширење на антиукраински агенди, анти-ЕУ теми и наративи и величење на Русија, нејзиното военополитичко водство, дипломатија и економски „достигнувања“. Да се ​​биде цел на руска кампања за дезинформации не е ништо ново за Европската Унија. Според фондацијата „Џејмстаун“, од 2015 година претставници на ЕУ и експерти за дезинформации проследиле над 17.000 случаи на пропаганда против ЕУ генерирана од Русија, а само првата половина од 2024 година се обележани 1.500 случаи.

Пишува: Ана Анастасовска

  

Најново

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski

Средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години, за најмилите, за нашите дечиња

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Sase Ivanovski

Дурмиши: Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултат, цените на храната се стабилизираат, посветено работиме на заштита на животниот стандард

Sase Ivanovski

(ФОТО) Филипче: Градинката „Пролет“ е пример како треба да изгледа модерно Скопје – спротивно од кичот на Скопје 2014

Sase Ivanovski

Павле Арсоски Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Крушево и Демир Хисар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Максим Димитриевски во Долнени и Прилеп: Верувам во политиката што произлегува од теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки, до кога ЈО ќе молчи?

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Пренџов: ДУИ е партија базирана на ширење нетрпеливост, лаги и манипулации

Sase Ivanovski

(ФОТО) Потпреседателката на ЗНАМ, Бендевска на средба со членовите и симпатизерите во Кавадарци и Неготино

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ Скопје – Подрачно одделение Охрид за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski

НАВИСТИНА ПРИВЛЕКУВА ПОГЛЕДИ – НОВАТА OPEL MOKKA БЛЕСКА ВО НОВИТЕ БОИ

Sase Ivanovski
Вчитувам....