Приврзаници на проруската партија „Вазраждане“ изуринава се судрија со полицијата и ја запалија влезната врата на зградата на Европската комисија (ЕК) во Софија. Како што јавуваат бугарските медиуми засега има шест лица приведени, а во исто време како резултат на протестите и судирите со полицијата има околу 10 полицајци повредени. Причина за протестите е поради усвојувањето на еврото како валута во Бугарија а ескалацијата се случи за време на протест на проруската партија „Вазраждане“ некаде на пладне во Софија. Инаку, партијата долго време се противи на еврозоната и интеграцијата на Бугарија во ЕУ.
Денеска, неколку стотици демонстранти од „Вазраждане“ се собраа пред Бугарската народна банка, а потоа маршираа до Домот на Европа, зградата на Европската комисија (ЕК) во Софија. Таму фрлаа црвена боја, огномет и јајца кон фасадата.
До инцидентотот во кој беше запалена влезната врата на зградата, доведе некаде околу 13 часот по локално време откако насобраниет влегоа во конфликт со со полицијата, во кој, според првичните податоци, околу 10 полицајци беа повредени, а шестмина се приведени. На местото на настанот пристигнале пожарникари, претставници на жандармеријата и возила на брзата помош. Пожарот е изгаснат. Демонстрантите потоа се упатија кон зградата на Советот на министри, каде што го блокираа сообраќајот. Ова не е првпат проруските демонстранти да ја нападнат зградата на ЕК. Во мај 2023 година, учесниците на маршот „Марш за мир и неутралност“ фрлаа црвена боја на фасадата на зградата. Во него се сместени претставништвото на ЕК и Бирото на Европскиот парламент во Софија, јавува РСЕ.
„Вазраждане“ долго време има проруски и антиевропски позиции. Така е и покрај тоа што има претставници во Европскиот парламент. Инаку „Вазраждане“ е дел од екстремно десничарската европска партија „Европа на суверени нации“, во која е вклучена и радикалната „Алтернатива за Германија“.