Францускиот фудбалски клуб ПСЖ конечно може да се нарече шампион на Европа. Париските „светци“ го победија Интер во финалето на Лигата на шампионите со резултат 5:0 (2:0).
Целосна доминација на играчите на тренерот Луис Енрике на „Алијанц Арена“ во Минхен, Германија, за прва титула во елитното европско клупско натпреварување.
ПСЖ ја запечати судбината на Интер по само 20 минути игра, Хакими донесе водство за Французите по 12 минути игра, а осум минути подоцнаДуе постигна гол и ја зголеми позитивата на својот тим.
Францускиот напаѓач Дуе постигна уште еден гол во второто полувреме, Кварацхелија го постигна четвртиот гол во 73 минута, а 19-годишниот Маџулу ја комплетираше „петардата“ со која воедно беше официјализиран и најубедливиот триумф во историјата на едно финале во ЛШ.Инаку ова беше второ финале за ПСЖ во ЛШ, претходно во 2020 година претрпе пораз од Баерн Минхен, а миланските „нераѕури“ остануваат на трите титули шампиони на Европа во 1964, 1965 и 2010 година.