Најмалку четворица луѓе се ранети и пренесени во болница откако 17-годишен ученик отворил оган во средно училиште во американската држава Тексас, пренесе „Си-би-ес њуз“. Полицијата одговорила на повик за „активен пукач“ во училиштето во Далас околу 1 часот попладне по локално време. Ученикот осомничен за пукањето и натаму се бара, а тој наводно користел „дамски“ пиштол со мал калибар.
BREAKING School shooting at a high school in Dallas Texas pic.twitter.com/MPjsgRDWUw
— ҒβΔ GΩDDΣSS✨ΔΠDRΣΔ (@FBAGoddess444) April 15, 2025
Во моментот кога почнало пукањето, во училиштето имало околу 900 ученици, кои брзо се евакуирани, пишуваат американските медиуми.