Бројот на загинати од големата експлозија во пристаништето Раџаи во јужниот ирански град Бандар Абас се зголеми на 18, а бројот на повредени на повеќе од 800, додека шест лица се водат како исчезнати, изјави раководителот на одделот за управување со вонредни состојби во иранската покраина Хормозган, Мехрдад Хасанзаде. Претходно беше објавено дека загинале 14 луѓе, а повредени се 752. Нема точни информации за причината за експлозијата, објави иранската државна новинска агенција ИРНА, а портпаролот на иранската Организација за управување со кризи, Хосеин Зафари, изјави дека лошото складирање на хемикалии во контејнерите во пристаништето Раџаи е причина за несреќата.
📹 لحظه انفجار در اسکله شهیدرجایی بندرعباس https://t.co/Ih5xvKoPBK pic.twitter.com/jJpFJtF4g8
— خبرگزاری تسنیم 🇮🇷 (@Tasnimnews_Fa) April 26, 2025
Претседателот Масуд Пезешкијан нареди целосна истрага за причините за инцидентот. Шахид Раџае, во близина на големиот град Бандар Абас, се наоѓа во една од најважните економски зони во Иран, каде што се одвива повеќе од една третина од иранската поморска трговија.