Одбојкарската репрезентација на Иран минатата недела настапуваше на турнирот од Лигата на нации во Бразил, каде што одигра неколку неизвесни натпревари. Еден од најемотивните моменти се случи на дуелот со селекцијата на САД, во кој Иранците беа поразени со 3:2, иако водеа со 2:0 во сетови.
Натпреварот се одигра во време на разгорување на војната меѓу Израел и Иран, информации што иранските одбојкари ги дознаа дури по завршувањето на мечот. Моментот кога одбојкарите со солзи во очите дознаваат за настаните во својата татковина ги обиколи социјалните мрежи, а емотивните снимки брзо се раширија на социјалните мрежи. По поразот од САД, Иран одигра уште два натпревари, загуби од Словенија со 3:2, а потоа успеа да слави против селекцијата на Украина со идентичен резултат.