Референтниот Центар на „Жан Митрев“ клиника во Охрид продолжи со своите активности во доменот на превенцијата и доближувањето на сѐ она што значи активно здравје на пациентите од Охрид и регионот, овој пат во соработка со ПЗУ „Бона Вита“ од Охрид, кај д-р Ружица Ангелеска, за сеопфатноста на холистичкиот пристап во примарната здравствена заштита преку семејната медицина, усогласена со европските практики на здравствената едукација.
Специјалистите д-р Ана Вељановска, специјалист интернист, супспецијалист кардиолог и д-р Димче Марковски, специјалист по оториноларингологија од „Жан Митрев“ клиника разговараа и имаа консултации со дел од пациентите.
Во разговорите со докторите акцент беше ставен на најмладата популација околу детекција на трет крајник кај деца, третман во случаи на шум на срце и вродени срцеви маани, како и важноста на семејниот лекар во детекцијата, третманот и лекувањето на одредено заболување.
Референтниот Центар на Жан Митрев Клиника во Охрид продолжува со своите активности во доменот на превенцијата и доближувањето на сѐ она што значи активно здравје на пациентите од Охрид и поширокиот регион…