„Граѓаните се соочуваат со нови ценовни шокови по маркетите и продавниците. Цените повторно се покачени по истекот на мерката за замрзнати маржи. Храната и производите кои и со замрзнатите маржи не беа достапни за граѓаните – денес се уште поскапи. Маслото за јадење е покачено од 89 на 92 денари, млекото над 72 денари, покачени се цените на јајцата, месото, сирењето, соковите. Средствата за хигиена поскапеа дури и за 60 проценти!“ – вели денеска на прес-конференција Лолита Ристова, член на Извршниот одбор на СДСМ.
Според неа, „Граѓаните имаат се помалку пари во своите џебови. Ова е резултат на трајно погрешна економска политика на владата. Пропадна т.н. есенска кошничка. Пропадна новогодишната кошничка. Пропаднаа и замрзнатите маржи. Цените продолжуваат да растат. Стандардот тоне“.