Со локалната власт на ДПМНЕ и градоначалникот Борче Јовчески, прилепскиот спорт го допре дното. Некогаш најспортскиот, најфудбалскиот град во Македонија, денес е на маргините на спортските збиднувања во државата. Спортистите и спортските клубови се доведени на работ на егистенција, со постигнувања далеку под нивното реноме, а уште подалеку од врвот на македонскиот спорт. Поддршката која предизборно им ја ветија на клубовите и спортистите, беше уште една во низата лаги на Јовчески и ДПМНЕ. Впрочем, тоа што во општинскиот буџет за 2025 година “тежок“ 32 милиони евра, за спортските клубови се предвидени мизерни 65 илјади евра, зборува за понижувачкиот однос на локалната власт кон прилепските спортисти. Состојбата, пак, со спортските објекти во градот најблаго речено е – катастрофална.
Во тоа се увери и Борко Ристовски, првиот човек на новоформираното Министерство за спорт. Министерот летоска дојде во Прилеп, направи фотосесија со градоначалникот и пратениците на ДПМНЕ и гордо вети: Во септември Универзалната сала ќе биде ставена во функција на прилепските спортисти! Во меѓувреме, со средства од Владата се реконструираа спортски сали во Радовиш и Ново Село, се санираа маалски и фудбалски игралишта во Кисела Вода и Тетово, се изгради атлетска патека во Гевгелија. Се реновираа и реконструираа сали и игралишта и во други македонски градови и села, ама не и во Прилеп! Шест месеци од дадениот министерски збор, вратите на спортската сала за прилепските клубови и спортисти останаа закатанчени, а Универзалната сала е во полоша состојба од претходно констатираната. Истовремено, не само што ни во двете други сали „Македонија“ и „Партизан“ камче не е поместено, туку власта, како централната а уште помалку локалната, нив повеќе не ги ни спомнува. Министер кажал – Борко Ристовски излажал! На крајот едно е сигурно – власта на ДПМНЕ го уништи спортот во Прилеп!„Благодарејќи“ му на ДПМНЕ, она што им преостанува на прилепските љубители на спортот, е прволигашки фудбал да гледаат во гостиварски Добридол, ракомет во Битола, а кошарка во Кавадарци.