Тоа е уште една скандалозна изјава на Трајко Славески. Срамна, дрска и потценувачка е било каква закана за граѓаните да не бараат поголеми плати. Се лаже ДПМНЕ ако мисли дека може некого да замолчи. Граѓаните имаат мака да обезбедат основни потреби за секојдневниот живот и со право работниците бараат поголеми плати.
Обврска на власта е да ги зголеми плати е а да се обидува да ги замолчува. Тоа е истиот човек, кој беше против покачувањето на минималната плата за работниците. Но, еве прашуваме зошто Трајко Славевски не се откаже од паушалот од 600 евра во Советот на Град Скопје? Второ, Славевски вчера кажа дека е против бојкотот на маркетите а неговиот шеф Мицкоски пред некој рече дека го поддржувале. Сега прашањето е кој лаже, дали Мицкоски или Славевски?