Секој месец граѓаните добиват нов ценовен шок!
За една година се случи целосен дебакл на економските политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.
Податоците на Сојузот на синдикати се поразителни: за само еден месец, синдикалната кошничка поскапела за над 1.200 денари. За 954 денари се зголемени трошоците за храна и пијалоци.
За едно четиричлено семејство потребни се речиси 63.000 денари месечно само за да преживее. Основните намирници стануваат луксуз а платите не мрдаат. Три минимални плати се потребни за да може да се преживее месецот. Животот е сѐ поскап, платите стојат, а мерки од владата – нема! Додека премиерот Мицкоски ги чека анализите и не знае колку се покачени цените, граѓаните тонат во сиомаштија. Се живее се потешко, се преживува со задолжувања и жртвувања. Дали министрите во Владата знааат колку чини да се наполни еден фрижидер? Очигледно не – затоа што додека народот крпи крај со крај фунционерите на ВМРО-ДМНЕ живеат надвор од реалноста, во свет на папаја, манго, октоподи.
Како да не било доволно, во април и мај, СОЗР склучила милионски договор за нови луксузни јадења, за лигњи, школки, лосос. Ова што го прави Владата не е политика, ова е грабеж на народот! Повикуваме власта веднаш да ги прифати предлозите за зголемување на платите и мерките за намалување на цените: -Да се покачи минималната плата на 500 евра -Да се спроведат мерки за повисоки плати за јавниот и приватниот сектор.
-Да се укине ДДВ за храна со што веднаш ќе се намалат цените на основните производи. Не може народот да гладува додека министрите се гоштеваат на сметка на државата. СДСМ е со граѓаните, ќе продолжиме да се бориме за поголеми плати, за достоинствен живот, за економија што служи на човекот, не на партијата на власт.