На денешната прес конференцја СДСМ изнесеме низа на податоци и сомнежи за длабока корупција, сонежи за матни тендери во речиси сите општини предводени од ВМРО-ДПМНЕ, дури и со пари од унгарскиот кредит. Дали е тоа поентата на унгарскиот кредит и каде завршуваат овие пари? -Фирмата ИЗОЛАЦИЈА Дамјан Силјановски и др. ДОО Увоз-Извоз Скопје во четири години добила 50 тина тендери вредни 10 милиони евра, речиси сите од општини под контрола на ВМРО-ДПМНЕ. Само во последните 3 месеци истата фирма добила три тендери со пет договори во различни скопски општини, сите предводени од градоначалници на ДПМНЕ.
Последните тендери кои ги добила се финансирани од унгарскиот кредит, кој граѓаните ќе го враќаат со високи камати. ?, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Клучно е каде завршуваат парите од унгарскиот кредит, праша Кузеска. -Парите од овој кредит не се бесплатни – тие се враќаат од буџетот, односно од парите на граѓаните и тоа со камата, затоа јавноста има право да знае дали ова е механизам за финансирање на партиските структури на ВМРО-ДПМНЕ? Дали граѓаните плаќаат огромни камати за унгарските кредити за власта да си ги дели со коруптивни тендери?, рече Кузеска.