Министерот Панче Тошковски е фатен жив во скандал тежок 4 милиони евра. Министерството за внатрешни работи доделило милионски тендер на фирма без ниту еден ден искуство – основана само 20 дена пред распишување на тендерот! Тошковски сам го потврди скандалот, признавајќи дека договори склучила и фирма само со двајца вработени. Во обидот да се оправда, Тошковски се дозаплетка, со низа контрадикторности и небулози –со што ги потврди сите сомнежи за класична, организирана корупциска шема. Одиме по ред.
Тошковски вели дека се водел по „квалитетот“ на понудата, а истовремено ги намалил критериумите за избор. Ако навистина се бирал квалитет, зошто не биле поставени јасни услови за искуство и капацитети? Или зад тој „квалитет“ се кријат квалитетни врски и провизии за Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ? Таков тендер скроил Тошковски, со намалени критериуми. Очигледно го сошил по негов терк. Се е бизнис интерес за оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ нема ништо друго.
Како е можно фирма што дотогаш не постоела, да ги исполни сите услови и да достави мостри за квалитет какот што тврди Тошковски? Кој ѝ ги кажал условите однапред? Кој ја подготвил да учествува и победи? Каде се тие мостри што ги доставила, кога фирмата не ни постоела? Никој овде нема наивен, постојат основани сомнежи за местење тендери и блсики релации. Овде не станува збор за случајност – станува збор за системска корупција на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа СДСМ бара:
-Итна постапка од Јавното обвинителство, распит на сите лица вклучени во скандалот, -Испитување на можни кривични дела: злоупотреба на службена положба, местење тендер, перење пари. -Поништување на целиот тендер. Дополнително, бараме јавно да бидат објавени резултатите и споредбите на мострите по ваквите анализи. Кои биле критериумите за анализа и споредба на мострите од ралзични фирми, кој е резултатот за секоја фирма и како се оценети сите учесници на тендерот? Граѓаните заслужваат одговори, заслужуваат да видат каков тендер скроил Тошковски и за кого го шиел.