Наместо извинување, наместо признание за грешката, министерката Кочоска и ВМРО-ДПМНЕ продолжија со нападите врз Славјанка Петровска и ја обвинија дека глуми жртва, истакна пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната прес-конференција пред Министерството за финансии. Тренчевска посочи дека ДПМНЕ и Кочоска покажаа дека ниту ги разбираат вредностите на современто општество, ниту болката што ја предизвикуваат од нивните ставови и изјави. „Наместо да покажат барем трошка почит и човечки да се извинат човечки, тие одлучија да ја нападнат Славјанка уште повеќе. Ја обвинија дека „глуми жртва“.
ВМРО-ДПМНЕ и Кочоска вчера покажа дека не ги разбираат ниту вредностите на современото општество, ниту болката што ја предизвикува ваквиот однос. Тоа е партија што не знае да признае грешка, што бега од одговорност и што секогаш, ама секогаш, ја бара вината во жртвата, наместо во сторителот. Но, ова не е само за Славјанка. Ова е за секоја жена што била навредена затоа што не се вклопувала во нечии очекувања. Ова е за секоја личност што била дискриминирана поради нешто што не зависи од неа. Ова е за сите нас што веруваме дека треба да се живее со почит, а не со понижување“, рече Тренчевска.
При тоа, Тренчевска нагласи дека не само што Кочоска и ВМРО ДПМНЕ не се извинија, туку никој од власта и коалиционите партнери не излегоа со осуда на ваквиот дискриминичарки однос од министерка. „Сведочевме сите на уште еден срамен молк. Изостана реакција од попретседателката на Собранието, Весна Бендевска иако до вчера беше претседателка на Комисијата за спречување на дискриминација. Бендевска не кажа ниту збор, ниту реагираше.Овој молк е загрижувачки како и самата навреда. Ние нема да застанеме само тука. Ова не смее да остане само како еден ден на осуда. Затоа, денес сме тука, гласно и јасно да побараме – Гордана Кочоска мора да си поднесе оставка. Оставка ќе бараме секој ден додека не си оди од функцијата. Само така може да ги заштитиме граѓаните од идна дискриминација“, истакна пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска.