Репрезентативецот на Македонија го постигна својот прв гол во дресот на Торино по враќањето во Италија, но за жал тој не беше доволен неговиот тим да го избегне поразот од Болоња (3:2). Елмас постигна гол во 62. минута за водство на Торино од 2:1, Болоња сепак до крајот успеа да го сврти резултатот и да победи со 2:3. Голот кој го постигна македонскиот репрезентативец беше мала мајсторија откако прво ја турна топката низ нозете на еден противнички играч, а потоа и одлично го префрли голманот. Тоа не пропуштија да го истакнат и од Серија А опишувајќи го Елмас како „Мастер класа“, но го прикажаа погодокот и од друг агол.