Основното јавно обвинителство Битола оформи предмет за одлагањето на пепелта во РЕК Битола, дали тоа се врши според прописите, согласно еколошката дозвола и дали се работи за тоскична пепел. Ова следи по реакциите во јавноста и објавените фотографии и видеа на социјалните мрежи дека во Битола и околината се шири токсична прашина од РЕК Битола.
Државниот инспекторат за животна средина(ДИЗЖС) спроведе вонреден инспекциски надзор и утврди недостатоци во однос на мерките за спречување и намалување на емисијата на пепел на одлагалиштата, поради што му наложи на РЕК Битола да ги отстрани истите и да достави резултати од извршени мерења.
View this post on Instagram