Земјотрес со интензитет од 5,8 степени по Рихтер го потресе медитеранскиот брег на Турција, поточно градот Мармарис, соопшти турската агенција за управување со катастрофи и вонредни ситуации. Четиринаесетгодишно девојче почина од паника, а 69 луѓе се повредени во земјотресот. Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја, објави дека 14-годишната Афранур Гунлу, која била однесена во болница поради напад на паника, починала.
Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил во Средоземното Море на длабочина од 67,91 километри и дека се случил во 02:17 часот наутро, и дека бил почувствуван во соседните региони, вклучувајќи го и грчкиот остров Родос, објави турската телевизиска станица НТВ. Гувернерот на Мармарис, Идрис Акбијик, изјави дека луѓето претежно се повредувале кога скокале од прозорците или од балконите во паника, но дека сè уште нема извештаи за поголема штета.