Портпаролот на Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија митрополитит дебарско кичевски Тимотеј, во изјава за ТВ 24 ги демантира наводите на професорот Марјан Ѓуровски кој повикувајќи се на разузнавачки извори од земји членки на НАТО, вчера изјави дека владици на Синодот вршеле агентура за незападни држави.
Владиката уверува дека ниту еден митрополит во Синодот не работел контра ставовите на црквата и дека не било прв пат ова лице и други државни институции да излегуваат со ваква теза.