Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, утрово изјави дека Русија во текот на ноќта лансирала 4 балистички ракети и 142 дронови кон Украина, а дека неколку дронови сè уште се активни над земјата. Тој соопшти дека во нападите загинале две лица, меѓу кои жена и нејзиното дете, а седуммина други се повредени, од кои пет се деца. Најмалку 2 лица загинале, а шестмина се повредени во воздушни напади што руските сили ноќеска ги извршиле врз главниот град на Украина, Киев, објави Би-Би-Си. Според извештаите, сирените за предупредување од воздушни напади во Киев се огласиле нешто пред полноќ, по што за кратко време одекнале неколку силни експлозии. Тамошните власти велат дека дел од експлозиите биле звуци од руска балистичка ракета, уништена од системите за противвоздушна одбрана.
Во меѓувреме, службата за вонредни ситуации соопшти дека дрон погодил станбена зграда, а фрагменти од дрон погодиле две други станбени згради. Остатоците од балистичката ракета, пак, предизвикале пожар што бил изгаснат околу 3 часот по локално време. Фотографии од местото, погодено од беспилотно летало, покажуваат значителна штета на станбената зграда и екипи на службите за вонредни ситуации како изнесуваат вреќи за тела од неа. Инаку, синоќешните напади врз Киев се случуваат само неколку часа пред почетокот на тридневното примирје што го најави рускиот претседател, Владимир Путин, поради прославата на Денот на победата во Втората светска војна на 9 мај. Украина го отфрли ваквиот предлог, повикувајќи ја Русија да се согласи на многу посуштинско 30-дневно примирје и преговори. Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, утрово соопшти дека Русија ноќеска лансирала 4 балистички ракети и 142 дронови кон неговата земја.
Overnight, the Russians launched 4 ballistic missiles and 142 drones – half of them were Shaheds. Dozens more UAVs are still in our skies.
Kyiv was struck twice – first by ballistic missiles, then by drones in the morning. All emergency services are currently on the ground,… pic.twitter.com/06LimSZ2Xh
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) May 7, 2025