За време на посетата на Киев, францускиот претседател Емануел Макрон ја изрази својата поддршка за Володимир Зеленски со топла порака што ја објави на платформата Икс, придружена со видео на кое го прегрнува својот украински колега.
„Сметајте на нас, пријателе мој“, напиша Макрон, повторувајќи ја својата поддршка за украинскиот претседател, кој се соочува со руска инвазија повеќе од три години.
Во исто време, како што објавија француските медиуми, Макрон вечерал со Зеленски во тесен круг во претседателската резиденција, кратко пред да замине од украинската престолнина.
Count on us, my friend. pic.twitter.com/NGvMW5odw2
— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) May 10, 2025
Претходно, Емануел Макрон повика на „итни преговори“ меѓу Украина и Русија во рамките на 30-дневниот прекин на огнот што ѝ го предложија на Москва Европејците, Американците и Украинците, како што изјави во интервју за француските телевизиски мрежи ТФ1 и ЛЦИ. Во случај на 30-дневен прекин на огнот, „почнуваме директни преговори меѓу Украина и Русија.
„Подготвени сме да помогнеме“, рече Макрон во ова интервју што се одржа во возот со кој денес се упати кон Киев.
Доколку Москва не го прифати прекинот на огнот, „ќе има дополнителни санкции (…) многу построги“, предупреди тој.