Жител на Кочани испрати ексклузивно видео до ТВ21 од страшниот пожар кој изби во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Снимката е потресна, а на истата можат да се слушнат и врисоци.
Тој вели дека 17-годишниот син околу 3 часот му испратил видео на Фејсбук месенџер, но тие спиеле во моментот. „Теагедија која не се памети, страшно, луѓе пискаат, син ми бил тука но за среќа се извлекол. Сабајле дојдовме тука да видиме со фирмата, и што да видам, страшно, немам зборови со кој може да опишам“, вели тој.
Како што вели, на улицата се уште стојат алишта и ташни од присутните во дискотеката „Дискотеката не е од сега, од дамна е, и ние сме излегувале како млади“, додава тој.