Неочекуван инцидент го обележа пристигнувањето на францускиот претседател Емануел Макрон во Ханој, главниот град на Виетнам. Додека претседателскиот пар се подготвуваше да се симне по скалите на авионот, камерите забележаа момент во кој Брижит Макрон со дланка го удира по лицето својот сопруг, што изгледаше како шлаканица. Сцената, која беше снимена од Асошиејтед Прес, веднаш стана вирална на социјалните мрежи, предизвикувајќи бројни реакции, мемиња и шпекулации за односот меѓу претседателот и првата дама.
🚨 Breaking
French President #Macron‘s wife slaps him in face
pic.twitter.com/Ye9BGDqg84— Backchod Indian (@IndianBackchod) May 26, 2025
Макрон, очигледно изненаден од гестот, за момент застана, но брзо се прибра, се насмевна и продолжи да мавта кон насобраната толпа, покажувајќи присебност и смиреност пред камерите. Иако не е јасно дали станува збор за вистински конфликт или само за спонтан, можеби шеговит гест помеѓу сопружниците, британските таблоиди веќе го нарекоа моментот „јавна шлаканица“ и „брачна грешка“