Во пресрет на најавените царини на американскиот претседател Доналд Трамп за канадските производи, премиерот на Онтарио во Канада, Даг Форд, најави решителни контрамерки за заштита на економските интереси на неговата провинција. Форд соопшти дека доколку стапат на сила тарифите на Трамп, ќе му нареди на Одборот за контрола на алкохол во Онтарио (LCBO), најголемиот светски купувач на алкохол, да ги отстрани сите американски производи од своите полици. Форд истакна дека LCBO продава американски вина, пива, алкохолни пијалоци и селцер во вредност од речиси 1 милијарда долари годишно и додаде: „Веќе не“. „Не ја започнавме оваа војна со царини, но ќе победиме“, рече Форд. Во врска со одлуката да се отстрани целиот американски алкохол од полиците на канадската провинција, тој изјави: „Мојот добар пријател, гувернерот на Кентаки, е луд. Му реков, разговарајте со вашиот претседател. Мич Меконел, сенаторот од Кентаки, исто така е луд…“, рече Форд, додавајќи дека овие мерки ќе влијаат на американските производители на алкохол.
„Ќе го откажеме Starlink, на Илон Маск“, објави и Форд. Овие контрамерки доаѓаат како одговор на најавата на Трамп за тарифи од 25 отсто за канадските производи, што ја зголеми загриженоста за канадската економија и работните места. Покрај тоа, Форд се закани со други мерки, вклучително и можноста за прекин на снабдувањето со електрична енергија во САД, што може да влијае на 1,5 милиони Американци. ,Канадскиот премиер Џастин Трудо, исто така, најави контрамерки, вклучително и наметнување царина од 25 отсто за американски производи во вредност од 155 милијарди долари, почнувајќи од алкохол, козметика и производи од хартија, а подоцна и во други сектори.
Ontario Conservative Premier Doug Ford Just said Canada is prepared to make electricity unaffordable for Americans by cutting off energy supplies to the U.S. in response to Trump’s tariffs:
“I will do anything , including cutting off their energy, with a smile on my face.” pic.twitter.com/DzTWUx5n2A
— PoliticsVideoChannel (@politvidchannel) March 4, 2025