Со порака „Ќе ве блокираме додека не ги тргнете машините“ со извици „Уааа“, транспаренти „Сакаат да ги исечат вените на Кожуф, но и со оро, граѓани активисти, еколошки организации, планинари одржаа втор предупредувачки протест во местото Смрдлива Вода на Кожуф против изградба на две мали хидроцентрали на реката Дошница, една од најчистите и недопрените реки во Македонија.
– Да се тргнете од Дошница и сите реки веднаш. Инаку ќе ве блокираме до последниот момент додека неги тргнете сите машини. А фирмите што си прават профит нека си прават на друго место. Тука е забрането – рече една од говорничките на протестот.
– Овие хидроцентрали, иако административно спаѓаат под Општина Кавадарци, ќе имаат директно негативно влијание врз снабдувањето со вода, живиот свет и природните ресурси во Гевгелија, Демир Капија, Неготино, Росоман и пошироко. Сите пиеме вода од истата планина, Кожуф – велат организаторите на протестот.
Тие предупредуваат дека со багери е урива планината и се сече шумата.
– Скриени во длабока шума на Кожуф, каде обичниот човек нема шанси да ги види дознае, веќе започнаа с сеча и пробивањена пат од неколку километри. За жал, за овие хидроцентрали од кога багерит ќе го демолираат регионот – предупредуваат од „Зелена народна стража“.
Организаторите на протестите: граѓанските иницијативи Зелена народна стража, Спас за Дошница, Спас за Прилеп, Млади за Македонија, Точак клуб Гевгелија, За почиста Македонија, Yes for Less, Аква фортис, МК-СИРК (Македонски студенти за истражување и развој од космосот), здруженија и активисти од Тиквешијата, од Гевгелиско-валандовскиот регион и еко-активисти од цела Македонија, бараат Општина Кавадарци под итно да ја укине дозволата за градба на хидроцентралите „Лапара“ и „Баров дол“ на реката Дошница на планината Кожуф, а Владата во рок од еден месец да донесе одлука за стопирање на сите активности поврзани со изградбата на МХЕ.
Протестот беше најавен пред неколку дена, а во четвртокот имаше и блокада кај Смрдлива река.
Протест за спас на Дошница / Фото: М.Ј.„Сакаат да направат пустина од Дошница, најчистата река во Македонија – нема да дозволиме! Во недопрената природа на Кожуф планина, над Смрдлива Вода, Гевгелија, сакаат да градат две мали хидроцентрали“ порачуваат од иницијативата.
Од Зелена народна стража потенцираат дека Конска Река (Гевгелија) е веќе пресушена. Истовремено, велат дека под закана се Кранска, Крива, Тополка, Каменичка, Селечка, Брајчино, Станечка, Врановска, Бачишка, Падалишка река…„Уште колку реки и планини треба да се уништат за да престанат да се градат овие хидроцентрали? Хидроцентрали на Дошница не смее да има! Свесни, чисти и храбри луѓе од Гевгелија, Демир Капија, Кавадарци, Неготино, Росоман и цела Македонија – ова нѐ засега сите! Се гледаме на блокади од четврток и главен протест во недела!“, се велеше во повикот за протест.