Манастир “Св. Георгиj Победоносец” -Рајчица – Дебар pic.twitter.com/EansVSg9wn
— Stojan Stojanovski 2S (@Stojan2s) March 31, 2024
Огромен број на посетители со радост присуствуваа на овој настан на пристигнувањето на иконата на Свети Георгиј Победоносец кој останува непресушна инспирација за вера, храброст и креативност.Иконата на Св. Георгиј Победоносец, е идентична копија на чудотворната икона на Светиот Великомаченик, којашто во 15. век на манастирот Зограф на Света Гора му ја подарил големиот добротвор на православните светињи, легендарниот молдавски војвода Свети Стефан III Велики.