Обвинителство да оформи предмет против градоначалникот на СДС во Крива Паланка, Сашко Митовски, кој свесно ширеше паника за наводно загадената вода. Манипулацијата на Сашко Митовски не помина, водата во Крива Паланка нема цијанид 100-тици пати над дозволеното, дали сега ќе се извини? Сашко Митовски пред сè сега треба да им се извини првин на жителите на Крива Паланка, а потоа и на граѓаните на цела држава, за паниката која ја ширеше.
Државниот инспекторат за животна средина излезе со јасни наводи, водата во Крива Паланка нема цијанид 100-тици пати повеќе од дозволеното. Недозволиво е неговата желба за ситни политички поени да треба низ колективна паника да ја чувствува цела Македонија. Очекуваме ЈО да преземе дејствија и да го санкционира градоначалникот Митовски. Ширењето на паника, мора да биде санкционирано. Крива Паланка и Македонија не смеат да бидат заложници на Сашко Митовски и СДС.