Српскиот кошаркар, Никола Јокиќ не запира и изминатата вечер одигра уште еден одличен натпревар и го предводеше својот тим до победа над Орландо од 112:90. Јокиќ оствари учинок од 28 поени, десет скокови и 12 асистенции и на тој начин стигна до 24. трипл-дабл во сезоната. Бројките на Јокиќ веројатно ќе беа и подобри, но тренерот Мајк Мелоун поради високата разлика го одмораше во последниот период.
Во овој натпревар Јокиќ имаше и помош од соиграчот Портер кој игра на високо ниво во последно време и сега запиша 30 поени. Најдобар во редовите на Орландо беше Вендел Картер Џуниор со 19 поени и четири скока, а зад него следуваше Банкеро со 18 поени, осум скока и четири асистенции. Денвер со овој триумф ја продолжи низата од пет победи, додека Орландо својата победничка серија ја заврши против Денвер. Нагетси сега се на третото место со учинок 33:19, додека Орландо на истокот е осми со 25 победи и 28 порази. Неверојатна вечер имаше Леброн Џејмс кој блескаше против Голден Стејт во натпреварот кој неговиот тим го доби 120:112.
Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња беше најзаслужниот бидејќи средбата ја заврши со 42 поени, 17 скокови и осум асистенци, па така за Голден Стејт не помогнаа ниту 37 поени на Стеф Кари, кој имаше уште седум скока и четири асистенции.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Бостон – Далас 120:127
Минесота – Хјустон 127:114
Лос Анџелес Лејкерс – Голден Стејт 120:112
Портланд – Сакраменто 108:102