Првата пролетна седница на српскиот парламент веднаш по почетокот се претвори во целосен хаос, бидејќи пратениците од опозицијата внесоа факели во салата, кои во еден момент ги запалија.
Беа запалени неколку факели, а во салата не се гледаше ништо, додека пратениците се гушеа од чадот.
За неколку моменти беа фрлени шишиња и кон пратениците од опозицијата, кои на насилството одговорија со развиорување на српски знамиња. Претседателката на Собранието Ана Брнабиќ од говорницата изјави и дека на пратеничката Јасмина Обрадовиќ ѝ се слошило и дека итната помош интервенирала откако била изнесена од салата.
View this post on Instagram