Градоначалник Рамиз Мерко денеска организираше голема прослава за 68-от роденден, на која присуствуваше целата општинска администрација. За прославата тој се пофали преку официјалната фејсбук-страница на Општина Струга. Таму се објавени фотографии и видеа од денешната свеченост.
Тој доби уметничка слика и роденденска торта во форма на бројот 68, колку што прославува години.