Студентите во Белград вечерва на социјалните мрежи повикаа на итна блокада на јавниот радиодифузен сервис РТС (Радиотелевизија на Србија), по што стотици студенти се појавија пред две локации на државната телевизија, јави „НоваС“. Тие бараат РТС да известува за нивните активности „онака како што се“, односно да не ја извртува вистината во корист на властите. „Протестот ќе трае се додека не се распише нов конкурс за РЕМ (Регулаторно тело за електронски медиуми) или додека РТС не се затвори“, наведуваат студентите во повикот преку социјални медиуми. Тие ги повикаа граѓаните да им се придружат во блокадата на просториите на РТС на улицата „Таковска“ во центарот на Белград, како и на Кошутњак.
„Јавниот медиумски сервис работи против сите нас. Бидејќи нема регулатор за медиумски услуги, никој не може да ги скроти“, напишаа студентите во објавата на социјалните мрежи.
Кон двете студија на РТС се упатија полициски сили на жандармеријата. Студенти во Нови Сад вечерва ги блокираа влезовите во зградата на Радио-телевизија Војводина со исти барања како и оние на студентите во блокада во Белград. Во објектот веќе се распоредени припадници на полицијата.