24.8 C
Скопје
19/06/2025 21:10
МАКТЕЛ

   

(ВИДЕО) Талески: Безброј скандали во МВР, интерепелацијата за Тошковски е глас за враќање на безбедноста на граѓаните

      

По срцепарателното обраќање на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, мора да ѝ ја кажеме на македонската јавност вистината за она што се случува во овие 15 месеци откако тој е министер за внатрешни работи. Господине Тошковски, вие сте 15 месеци веќе министер во МВР, и во овие месеци министерството го претворивте во комплетно нефункционално министерство, министерство со најголем број скандали, каде што преовладуваат селективноста, неказнивоста и целосно е нарушена безбедноста на граѓаните. Глас ЗА интерпелација на министерот Панче Тошковски не е прашање на политика, туку прашање дали ќе опстои државата, дали ќе има правда, безбедност и сигурност. Безброј аргументи и факти го потврдуваат тоа. И не е само истрагата за трагедијата во Кочани, која одзеде толку многу животи, иако непобитен факт е дека МВР потфрли на повеќе основи дента на пожарот како институција со клучна улога во обезбедувањето.

 Не бил направен оперативен план, не бил обезбеден просторот, не бил затворен објектот иако во него било регистрирано присуство на малолетници, не се реагирало за пиротехнички средства и многу други пропусти. Голем број осомничени, приведени и притворени лица од трагедијата во Кочани до денес е со цел да се разводнат сите случаи и да се одолговлекуваат до бескрај, да се создаде привид дека МВР и Владата се борат против криминалот и корупцијата. Но не е така. Ова е тежок популизам, препознатлив за ВМРО-ДПМНЕ. Но, ајде да ја почекаме истрагата за да видиме дали и кој од надлежните командири, началници и заменик-командири на полицијата ќе бидат опфатени и кој ќе понесе одговорност. Дали началничката на ОВР Кочани, Марија Цветковска-Маневска, дали началникот на криминалистичката полиција во Кочани, Томо Донев, дали началникот на СВР Штип, како и раководителите на крим-полицијата?

   

 Ама морална одговорност мораше да има после толку пропусти — од човекот којшто е прв и најповикан во таа институција, а тоа е министерот Панче Тошковски. Морален пораз за Тошковски е тоа што советничка во Советот на Општина Кочани, сопартијка на министерот, ќе поднесе оставка од морални причини, а тој не. За жал, најголемата трагедија во Кочани не е единствениот црн момент што ѝ се случи на Македонија откако ДПМНЕ ја презеде власта. Државата е претворена во Див Запад. Македонските улици се небезбедно место, каде сред бел ден се случуваат криминални пресметки, убиства, палења на коли. Дури и пред полициски станици, како што беше случајот на Бит Пазар пред некој ден. Ниту има превенција, ниту безбедносен систем, ниту ефективни истраги против криминалот и корупцијата. Во мојот град, Прилеп, исто така е катастрофална ситуацијата. За време на мандатот на Тошковски, во Прилеп се запалени 24 возила, опожарен е ноќен клуб, во двор од куќа е фрлена бомба, во друга е поставена експлозивна направа, а угостителските објекти станаа мегдан за насилство и оружени пресметки.

Со ДПМНЕ, Прилеп стана опасно и небезбедно место за живеење. Овде пред мене ги имам точно сработено сите скандали што ги направи МВР во времето на мандатот на Панче Тошковски. Детално се образложени сите скандали. Поднесувате кривични пријави за граѓани поради објави на Фејсбук, се изживувате врз народот, им се заканувате на родителите од Кочани, а криминални банди хараат по македонските улици. Толку е МВР паднато на колена што пред очите на јавноста, во двор на полициска станица, се случуваат крвави пресметки со загинати и повредени. Преку 30 инциденти со огнено оружје се имаат случено. Се случи безбедносен скандал на скопскиот аеродром, каде што пиштолџија од обезбедувањето на претседателот на Собранието се закануваше со пиштол и нападна полицаец. Се случи скандал и со организираното пуштање на слобода на Блерим Рамадани, баран со меѓународна потерница. Понатаму, имаше серија скандали на северната граница со Косово. Бодигардот на премиерот тепаше полицаец пред угостителски објект во Скопје, а Тошковски целосно го ослободи од одговорност.

 Другиот бодигард на премиерот беше фатен во мега скандал со продавање службена тајна. Ова е тотален распад на безбедносниот апарат. И уште еден аспект ќе спомнам — неказнивоста на функционерите на ДПМНЕ. Панче Тошковски во македонското собрание велеше: „Брат да ми е – ќе одговара“. Епа, еве еден брат, господине Тошковски. Братот на градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, секако од ДПМНЕ, фатен на радар како вози пребрзо среде град, го сопрела полицијата да го казни, се јавил во МВР и го пуштиле. Сега, откако беа живи фатени, излегувате на телевизија и велите дека го признавате скандалот. Граѓаните не се наивни – да не го објавеше СДСМ скандалот, ќе го криевте и понатаму. Ниту ќе го признаевте, ниту ќе беше санкциониран било кој за тоа. Функционерите на ДПМНЕ, нивните браќа, сестри и роднини не ги почитуваат законите, а тоа им го овозможува првиот човек на МВР – Панче Тошковски. Па уште отишол во станица и сам се пријавил братот на градоначалникот Стефковски, откако беше објавено видеото од него. Тогаш му проработел моралот, демек. Возел со 88 километри на час среде град, каде што е дозволено 50. За тоа возачка треба да му се одземе, кривични пријави треба да се поднесат, а не да раскажувате дека „се пријавил“.

Значи, вие што работите – чекате луѓето сами да се пријават? Или некој друг да ги открие скандалите? За тоа ли нема одговорни за палењето коли во Прилеп? Да не чекате некој сам да се пријави? За тоа ли нема одговорност кај ниту еден функционер на ДПМНЕ? Вие самите признавате дека не сте создале функционален систем. Ова е распад на системот што се случува. Секојдневно луѓе ги губат животите на улиците поради несовесни возачи. Сообраќајки со тешки последици има на секој чекор. Сѐ уште се свежи болните спомени за трагично прегазената Фросина. И наместо ризични, остри мерки за почитување на законот по улиците, МВР и Панче Тошковски ги пуштаат функционерите на ДПМНЕ без казна. Безбедноста е нарушена, криминалот и насилството се шират на секој чекор, во МВР владее тотален хаос и нефункционалност, а никој не презема одговорност. Доста беше, господине Тошковски. Време е за одговорност. Затоа, глас ЗА интерпелација на Тошковски е глас за враќање на законите на улиците, за враќање на безбедноста, за враќање на мирот и спокојот на граѓаните. „Брат да ми е – ќе одговара“ е најголемата лага. Затоа, глас ЗА интерпелација на Тошковски е глас за тоа законот да важи за сите – и за функционерите на власт. Прв чекор за промени и итни реформи во безбедносниот систем и за зајакнување на јавната безбедност е разрешувањето на Тошковски. 

   

Најново

СДС го штити насилникот во Кочани од своите редови, тој и понатаму продолжува да биде нивен коалиционен партнер

Sase Ivanovski

Крстевски по инцидентот во Кочани: Преку опструкции партискиот интерес е ставен пред прогресот на Кочани

Sase Ivanovski

Се закануваат оние што правеа упад и тепаа, вели Мицкоски за најавите за штрајк од контролорите на летање

Sase Ivanovski

Сообраќајна незгода меѓу автомобил и службено возило на МВР, повредени полицајци

Sase Ivanovski

Ларс Ренмарк, од седумчлениот тим од Гетеборг, Шведска, кој престојуваше во Кочани, како психолошка и морална поддршка за семејствата на настраданите: Пожарот во „Пулс“ е екстремен тест за општеството, поседувате ресурси што треба да се искористат

Sase Ivanovski

Нов ирански ракетен напад врз Израел

Sase Ivanovski

Арсовска до градоначалникот на Чаир: Вики, не глуми, какво поткровје секој со очи гледа нова незаконска зграда дивоградба со 40 стана

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Во тепачката на седницата подебелиот крај го извлече вработена во општина Кочани. Интервенирала и полицијата

Sase Ivanovski

Зголемена стапката на морталитет, повеќе умираат мажите, најмногу во јануари, а најмалку во април

Sase Ivanovski

СЛОВЕНЕЧКИ ЕКСПЕРТ ЗА АМПУТАЦИИ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА Државата го најавува следниот чекор во третманот на повредените од пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

ДОНАЦИЈА ОД 1 МИЛИОН ЕВРА ОД СОВЕТ НА ЕВРОПА: Педесетина македонски училишта ќе добијат фотоволтаични систем

Sase Ivanovski

ЦУК: Поројните дождови без сериозни штети, поплавени неколку објекти во Арачиново

Sase Ivanovski

МАЛЕСКИ: Без „предавствата“ државата ќе колабира

Sase Ivanovski

ПОРАКА ОД МОСКВА И ПЕКИНГ ЗА ТРАМП Американски напад врз Иран ќе значи опасна ескалација

Sase Ivanovski

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ТРИЈАТ РАЦЕ Ќе има септемвриско покачување на пензиите

Sase Ivanovski

ВЛЕН до Арсовска: Дали бесправно изграден објект во Шутка му припаѓа на Илаз Лесковица – претседател на огранокот на ДУИ во Шуто Оризари

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Кочани е сардисано од опструкции, тврди градоначалникот

Sase Ivanovski

Пронајдено безживотно тело во Охридското Езеро

Sase Ivanovski

СДСМ: Го осудуваме насилството и сценаријата на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Кочани

Sase Ivanovski

Се зголемува цената на дизелот, бензините со иста цена

Sase Ivanovski

Усвоен ребалансот на буџетот, Владата ќе троши повеќе

Sase Ivanovski

Раководителот за урбанизам во Маврово Ростуше кој беше фатен како прима мито осуден на три години и четири месеци затвор

Sase Ivanovski

Мицкоски за „Салтировски Консалтинг“ упати на Љупчо Коцевски во чии раце е истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Во Кочани се одржува средба на родителите на жртвите во пожарот со обвинителите

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Тепачка на седница на советот на Кочани. Се степаа советникот Акиов и координаторот на ВМРО ДПМНЕ Стојков

Sase Ivanovski

Мицкоски: Се засилуваат притисоците од бугарска страна против усвојување на извештајот на Вајц

Sase Ivanovski

Министерот Тошковски на средба со директорката на Центарот за спречување конфликти на ОБСЕ во Европа, Кејт Фирон

Sase Ivanovski

Нападната вработена во основно училиште во Ѓорче Петров, жена фрлила стол и ја удрила

Sase Ivanovski

Газа: 18 убиени во израелско гранатирање во близина на пункт за дистрибуција на храна

Sase Ivanovski

Најмалку 25 загинати во иранските напади врз областа Тел Авив

Sase Ivanovski

Историска посета: Индискиот премиер Нарендра Моди пристигна во Загреб

Sase Ivanovski

Лице од Македонија прегазено од камион тежок 15.3 тони во Германија

Sase Ivanovski

ИСУСЕ ХРИСТЕ Бугарија се мобилизира против македонскиот идентитет и јазик

Sase Ivanovski

Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба, се третира од тешки инфекции на изгорениците

Sase Ivanovski

Камениот мост во село Зовиќ туристичка атракција во Мариово

Sase Ivanovski

Средба на министерот Тошковски со Золт Бунфорд, специјален пратеник на унгарскиот премиер за Западен Балкан

Sase Ivanovski

Мургашанска од СДСМ: Димитриевски ме тужи затоа што јавно го обелоденив неговиот криминал

Sase Ivanovski

Василевска: Пристапот кон европското семејство ќе се прави само врз основа на транспарентна и неоспорна одлука на граѓаните на Македонија

Sase Ivanovski

Сите стапици од плаќањето со картичка во странство: Ова се триковите на кои многумина паѓаат

Sase Ivanovski

Мицкоски вели постоело опасност СДСМ да престане да постои по изборите

Sase Ivanovski

Шукова: Наместо подобри позиции за ЕУ како што ветуваа земјата е целосно закочена

Sase Ivanovski

Песков: Средбата меѓу Путин, Трамп и Зеленски ќе биде резултат на долги подготовки

Sase Ivanovski

„Болницата во Кочани не е гранапче“, рече Клековски и најави дека најголем дел од лекувањето за повредените од „Пулс“ ќе се одвива таму

Sase Ivanovski

Мицкоски: МВР го истражува случајот во РЕК Битола, на вработените е час поскоро да го оспособат блокот 2

Sase Ivanovski

Тозиевски: Со поддршка од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, во Ресен се реализираат капитални проекти

Sase Ivanovski

Посвежо за викенд, од понеделник затоплување и температури до 38 степени

Sase Ivanovski

На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу 30 до 40 минути

Sase Ivanovski

Крива Паланка го започнува „Кривопаланечко културно лето“ со над 60 настани

Sase Ivanovski

Падот на иранскиот режим би бил тежок удар за Русија

Sase Ivanovski

Кина евакуираше повеќе од 1.600 граѓани од Иран и стотици од Израел

Sase Ivanovski

Заврши судењето против Мерко за незаконско назначување директори во основни училишта, пресудата ќе биде објавена утре

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Фудбалерите на Јувентус во Белата куќа, Трамп ги праша: Дали може жена да игра во вашиот тим?

Sase Ivanovski

Одморите започнаа, што треба да проверите на автомобилот пред патувањето

Sase Ivanovski

Скопјанец возел со 121 километар на час на место каде било дозволено 50

Sase Ivanovski

Јужното овошје од Костарика седум пати поевтино од домашното: Ако не можеме да пробаме цреши, ќе јадеме ананас!

Sase Ivanovski

Контролорите на летање најавуваат штрајк на 10 јули, ако продолжи вработувањето на партиски кадри за советници

Sase Ivanovski

Вториот блок на РЕК Битола сè уште е исклучен, сомнежите за саботажа се истражуваат

Sase Ivanovski

Сообраќајка на патниот правец Бошков мост – Дебар

Sase Ivanovski

ЕК ја казнува Шпанија! Причината е имотот на странците во земјата

Sase Ivanovski

Кои земји ќе доминираат со светската економија во 2039 година

Sase Ivanovski

Конститутивната седница на Собранието во Приштина беше прекината по 34-ти пат

Sase Ivanovski

Силни експлозии во областите на Ерусалим и Тел Авив

Sase Ivanovski

Со завршен збор на одбраната, продолжува судењето против Мерко за поставувањето директори на четири училишта

Sase Ivanovski

Арагчи: Иран останува посветен на дипломатијата, но ќе продолжи да дејствува во самоодбрана

Sase Ivanovski

Герасимовски: Рана детекција на сколиоза со стручни тимови во новата учебна година

Sase Ivanovski

Угостителите од Трговскиот центар реагираат на кривичната од градоначалникот Крстевски: Oд 700 објекти со решение за отстранување зошто први ние?!

Sase Ivanovski

Денот во 60 секунди – Македонија и Данска ја засилуваат билатералната соработка, Владата продолжува да го подобрува животниот стандард и економскиот развој во Македонија

Sase Ivanovski

АЈДЕ ТРИПУНОВСКИ РЕАГИРАЈ, ОЈДОА 30 МИЛИОНА ЕВРА У БЕСТРАГА: Поради дефект на водоводна цевка се суши тутунот во Прилепското поле – надлежните немаат решение за проблемот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) САД: Новинар кој известуваше за протестот против Трамп се соочува со депортација

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тексас: Ракетата „Спејс Икс“ експлодираше за време на тест

Sase Ivanovski

Кина ги евакуира своите граѓани од Израел, а Индонезија од Иран

Sase Ivanovski

Македонски државјанин ќе биде екстрадиран од Грција во Германија, бил баран со потерница за грабеж и убиство

Sase Ivanovski

Орбан: Брисел легна во кревет со Украина, бирократите сакаат да ја продолжат војната

Sase Ivanovski

По седум години повторно се отвора комплексот „Македонско село“

Sase Ivanovski

Путин: Немаше да има руско-украински конфликт доколку Трамп победеше на изборите во 2020 година

Sase Ivanovski

Без струја делови од Центар, Газа Баба, Сарај и Сопиште

Sase Ivanovski

САД се подготвуваат за војна со Иран и преместуваат дел од воените авиони и бродови од базите на Блискиот Исток

Sase Ivanovski

Трамп го одобри планот за напад врз Иран, но не издаде „конечна наредба“

Sase Ivanovski

Еве како да ја препознаете најслатката лубеница: Најсигурни методи за избор на зрела и сочна

Sase Ivanovski

Избегнувајте го: Ова е најлошиот утрински пијалак за кожа склона на акни!

Sase Ivanovski
Вчитувам....