Таравари информираше дека освен лекарските тимовите од Израел и од Чешка кои се во земјава за да ги третираат настраданите во пожарот, подготвени тимови од Англија кои според потребите на македонските здравствени власти би дошле за да помогнат околу нивната рехабилитација.
Освен враќање на дел од оние кои се во странство, на домашно лекување ќе заминат дел од настраданите кои се лекуваат на клиниките и во болниците во земјава. Таравари информираше дека најмалку петмина в понеделник ќе бидат пуштени на домашно лекување. Сепак точната бројка колку од нив ќе заминат дома ќе се знае в понеделник.