Претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска излезе со шведски знамиња на говорница како одговор на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека неговите градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ работеле скандинавски. Таа со неколку фотографии од распаднати училишта го потврди „шведскиот карактер“ на општинските власти.
– Ова е кров на уилиште во шведската Битола под водство на Тони Коњановсен. Бидејќи градоначалникот вели дека не треба да мешаме политика, тој е од ШВедска. Ова е кров на училипте кое се затворило во декември и децата не можат да одат на училиште. Барам советот да донесе одлука за одвојувасње 300.000 денари за изработка на проект за училиштето во Дихово.
Во шведската Битола во училиште во Бистрица тече од сите страни и директорката има пуштено безброј пати барање да се санира ѕидот. Барам советот да донесе одлука за 300.000 денари за изработка на проект за реконструкција на училиштето. Барам исто толку и за градинката до Бистрица која е затворена и која треба да се реновира. Се надевам дека шведскиот однос на градоначалникот ќе вроди со плод, порача Габриела Илиевска. На седницата на Советот на Општина Битола, процедурално реагираше советникот и координатор на ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски.
„Во салата согласно Законот за употреба на знамињата во заедниците и Законот за употребата на знамето на државата, има тука истакнато знамиња на друга држава. Вие како најодговорна тука во Советот, ве повикувам да се стави ред во салата, бидејќи вие сте за тоа задолжена, бидејќи со вака поставените знамиња се нарушува унитарниот карактер на државата“ рече Бојкоски.
„Јас реков којзнае шо ќе кажеш“ реплицираше претседателката на Советот, Габриела Илиевска на процедуралната забелешка на Бојкоски и му даде збор на советникот од СДСМ, Методија Илиевски. Илиевски тргна кон говорницата, но застана, оти Бојкоски повика на пауза, а Илиевска му порача дека ќе се среди салата и без пауза. По кратко дофрлување таа им кажа на службите да го одлепат знамето залепено пред нејзиното советничко место. „Дај бе тргни го. Абе досадно вие нема шо да прајте изгледа и се изживувате со 30 советници“, рече Илиевска.