Доцна попладнево кај српскиот град Лазаревац се случила тешка сообраќајна несреќа кога воз удрил во автомобил кој поминувал на железнички премин, јавија српските медиуми. „Според првите информации, состојбата на луѓето во автомобилот сè уште не е позната“, изјавиле очевидци за медиумите. Очевидците наведуваат дека судирот бил многу силен, а сообраќајната полиција во моментов е на терен и врши увид. Се утврдуваат сите околности на несреќата, а подоцна ќе има повеќе информации, велат од полицијата.
View this post on Instagram