Трагедија во Бразил, двегодишно дете пука и ја убива својата 27-годишна мајка со пиштолот на својот татко. Безбедносна камера го снимила трагичниот инцидент што се случил во Рио Верде де Мато Гросо. На видеото, двегодишното дете се гледа како го зема пиштолот „Глок“ од 9 мм од масата и го испитува неколку секунди, пред да го повлече чкрапалото, штом неговата мајка го сврти погледот кон него, објави Си-ен-ен.
Двојката изгледаше толку зафатена со разговорот што не го забележаа својот син како го држи пиштолот сè додека не беше предоцна. Дебора Родригез Монтеиро, 27, беше застрелана во градите и раката. Нејзиниот сопруг го зеде пиштолот што детето го фрли на подот и се обиде да ѝ помогне, но за жал беше предоцна. 27-годишната жена е однесена во болница но набрзо починала. Инспекторот Даниел Фелисмино рекол дека таткото на детето имал дозвола за оружје и работел како земјоделец. Се очекува сопругот на жената да биде обвинет за убиство од небрежност, но тој сè уште е на слобода, според „Дејли меил“. Состојбата на детето ќе биде оценета за да се одлучи дали ќе биде упатено до Службата за заштита на децата.